All for Joomla All for Webmasters

За нас

За нас

 

Здружението ИЗВОР од Кратово во партнерство со здружението “ЕКОКРАТЕР“ Кратово го имплементираше проектот Туристички Е - Портал на руралните подрачја од Североисточен регион, финансиран од Европската Унија, преку обезбедувачот на грантот Фондација Поврзување на природни вредности и луѓе (Connecting Natural Values & People Foundation, ЦНВП) со седиште во Гравенхагe Холандија - Подружница во Република Македонија.

Со овој проект се дава можност на граѓанските организации, институциите и бизнис секторот во руралните подрачја на Североисточниот регион, поточно во општините Кратово, Старо Нагоричане, Ранковце и Крива Паланка, полесно да се идентификуваат и да се вмрежат преку креирање на овој Туристички Е-Портал.

Е - Порталот овозможува граѓанските организации, институциите и бизнис секторот да бидат меѓусебно поврзани преку електронски начин на комуникација што воедно претставува нивна лесна препознатливост на домашната и на странската туристичка јавност.

Преку иницирање на одржливоста на Е - Порталот, граѓанските организации ќе се покажат како потенцијални независни чинители кои воедно придонесуваат кон социо-економскиот развој на општината во која дејствуваат.

Поставениот Е - Портал, исто така претставува позитивен пример за транспарентен и отворен начин на нудење локални услуги од различни области (туризам, храна, фестивали, традиционални вредности, културно- историски споменици и природните богатства на регионот).

Преку овој Е-портал се отвара можноста за зголемен работен потенцијал на локалното население, зголемен финансиски обрт на средства, популаризација на културното и природното богатство во руралните подрачја на Североисточниот регион, како и непосредно национално и меѓународно влијание врз промоцијата на традиционалните вредности на регионот.

КРАТКА БИОГРАФИЈА

Здружението “ИЗВОР“ од Кратово е формирано и активно работи од 2002 година. По својата дејност и програма ги има опфатено заштитата и унапредувањето на животната средина, одржливо искористување и зачувување на нашето природно и културно наследство, привлекување на странски инвестиции, подобрување на социо-економската положба на населението од регионот, намалување на невработеноста, развој на еколошко – културниот туризам.

Во рамките на здружението членуваат 120 членови од различни професии и занимања како: доктори, правници, економисти, инжењери, архитекти, геолози, биолози, социјални работници, уметници, студенти и ученици.

Членовите на здружението учествуваа на повеќе обуки, семинари и работилници на кои дадоа свој придонес во реализирање на програмсите активности од каде се стекнаа со дипломи и сертификати од национално и меѓународно значење од кои поважни се Сертификати за: Туристички водич, Менаџмент, Управување со заштитени подрачја и други.

Во своето работење здружението “ИЗВОР“ успеа да реализира повеќе проекти финансирани од домашни и странски донатори и институции како што се: Министерство за култура, Министерство за животна средина, Генерален Секретаријат при Влада на РМ, Светска банка, УНЕСКО, Европска Унија и други.

Преку иницијатива на нашето здружение а по предлог на МЖСПП на 11.02.2007 година Владата на Република Македонија донесе Одлука за прогласување на локалитетот Куклица за заштитено подрачје во категоријата споменик на природата, додека Собранието на РМ изгласа Закон за заштитеното подрачје - Куклица.

Реализирани проекти во областа на туризмот:

Проект: “Инфраструктура во локалитет Кукли“,
Проект: “Глобално уредување на локалитетот Камени кукли“ - финансирани од Светска банка.

Проект: “Заштита и унапредување на туристички локалитет Камени кукли“,
Проект: “Стручна студија за земјените пирамиди во с.Куклица, Кратово“ – финансирани од Министерство за животна средина.

Проект: “Туристички водич за природните реткости и културното наследство во Кратово“ - Финансиран од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој.

Проект: “Локалитетот Куклица нераскинлива врска со Коридорот 8“- Финансиран од Министерство за култура.

Проект: “Студија за геодиверзитетот со биографски карактеристики на заштитеното подрачје Куклица“ -
Финансиран од УНЕСКО.
Проект: “Подобрување на туристичката инфраструктура на Бобошево и Кратово“ - Финансиран од Европската Унија преку ИПА Програмата.

Проект: “Оддржливо управување, заштита и унапредување со споменикот на природата – Куклица, Кратово“, финансоиран од ЕУ а го спроведува УНДП во соработка со МЖСПП.

Проект: Туристички Е-Портал на руралните подрачја од Североисточен регион, финансиран од Европската Унија, преку обезбедувачот на грантот Фондација Поврзување на природни вредности и луѓе (Connecting Natural Values & People Foundation, ЦНВП) со седиште во Гравенхагe Холандија - Подружница во Република Македонија.

Носител на проектот: Здружение ИЗВОР Кратово,

Партнер: Здружение “ЕКОКРАТЕР“ Кратово

ГО „ЕКОКРАТЕР“ Кратово

Екократер е граѓанска организација формирана во 2002 година. Таа се занимава со поддршка на иницијативи на локалното население од СИПР. Соработува со повеќе организации во регионот и во Република Бугарија. Главните цели на Екократер е да ги промовира чистите предели на Осоговските планини, да ја заштити животната средина, да ги шири еколошките знаења и да го зголеми производството на здрава храна, како и да ги зачува традиционалните културни и еколошки вредности на регионот. Исто така, Екократер работи на развојот на туризмот во СИПР и во Осоговскот регион.

 

Со овој проект се дава можност на граѓанските организации, институциите и бизнис секторот во руралните подрачја на Североисточниот регион, поточно во општините Кратово, Старо Нагоричане, Ранковце и Крива Паланка, полесно да се идентификуваат и да се вмрежат преку креирање на овој Туристички Е-Портал.

Е - Порталот овозможува граѓанските организации, институциите и бизнис секторот да бидат меѓусебно поврзани преку електронски начин на комуникација што воедно претставува нивна лесна препознатливост на домашната и на странската туристичка јавност.

Преку иницирање на одржливоста на Е - Порталот, граѓанските организации ќе се покажат како потенцијални независни чинители кои воедно придонесуваат кон социо-економскиот развој на општината во која дејствуваат.

Поставениот Е - Портал, исто така претставува позитивен пример за транспарентен и отворен начин на нудење локални услуги од различни области (туризам, храна, фестивали, традиционални вредности, културно- историски споменици и природните богатства на регионот).

СЕВЕРОИСТОЧЕН РЕГИОН

Добредојдовте во Североисточниот регион на Република Македонија.

Регионот изобилува со пријатна клима, шуми, разновиден и уникатен жив свет, свеж воздух, живописни пејсажи, многу атракции, манифестации и културни знаменитости.

Природната убавина на Североисточниот регион е неповторлива. Покрај уникатниот биодиверзитет, овој регион има голем број геоморфолошки реткости – вулкански топки, каскади, мали водопади, итн.

Регионот е полн со историски и културни вредности за кои дознаваме од бројните археолошки локалитети и артефакти што ќе ве однесат во далечното минато.

Манастирите, културно-историските споменици, добро зачуваната традиционална архитектура и врвните специјалитети на храна од еколошко потекло се уште една причина плус за да нè посетите.

Пешачење и планинарење

Ако сакате пешачење, качување во планина и алпинизам, Североисточниот регион има многу да понуди. Осоговските Планини имаат 6 врва над 2000 метри вклучувајќи го и вториот највисок врв во Македонија на надморска височина од 2252 метри. Неодамна, овој регион започна со развивање на екотуризам и производство на здрава храна. Додека пешачите и дишете свеж Осоговски воздух, исто така може да ја пробате и храна што се произведува тука.

На оваа веб-страница ќе ставиме акцент на руралните општини во регионот Кратово, Крива Паланка, Ранковце и Старо Нагоричане.

Центар за развој на Североисточен плански регион

Раководител: Младен Протиќ

Седиште во Куманово

Тел. ++ 389 (0)31 424 878

www.northeastregion.gov.mk/

Search