All for Joomla All for Webmasters

Календар на манифестации и настани

Трилатерална средба Краиште 2018

 

Во месноста Голеш, на тромеѓето на Р.Македонија, Р.Србија и Р. Бугарија по 14-ти пат се одржа традиционалната средба Краиште 2018. Делегацијата од Крива Паланка ја предводеше градоначалникот Борјанчо Мицевски заедно со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменовска, началници и раководители од СВР Куманово, претставници на Регионален центар за гранични работи Север и Регионален центар за гранични работи Исток, претседателот на Совет на Општина Крива Паланка и поголем број на директори и раководители на локални институции.

Search