All for Joomla All for Webmasters

Календар на манифестации и настани

Шопска софра 2018“ и ревија на народни носии „Пчиња-Краиште“

 

Во чест на Денот на oслободувањето на градот, 8 Октомври,  во Крива Паланка, во „Етно гостилница Воденица 3“ се одржаа две автентични  манифестаци на кои беа претставени традиционалната кујна, фолклор и колоритот на носиите од регионот: „Шопска софра“ и Дефиле-ревија на народни носии од прекуграничниот регион „Пчиња-Краиште“. Настанот беше компилација од презентација и дегустација на традицонални специјалитети, солени и слатки, приготвени во кујните на домаќинките од македонските општини: Кратово, Пробиштип, Крива Паланка,  Ранковце, како и од  Трговиште и Босилеград.

Search