Неколку илјади љубители на рок музиката од Крива Паланка го проследија овогодинешното седмо издание на рок фестивалот „Џој фест“ 2018. На фестивалот гостуваше познатиот балкански бенд „Рибја Чорба“, а покрај нив публиката ја забавуваа и македонскиот бенд Фиц и „Студени Нозе“ и рок- составот „РГБ“ од Крива Паланка. Организаторите истакнаа дека се презадоволни од рекордниот број на посетители што е показател дека фестивалот прерасна во реномиран настан кој ја привлекува публиката од разни краеви на Македонија, а имаше и публика од соседна Србија и Бугарија. Публиката одлично се забавуваше со добро познатите хитови на учесниците. Плоштадот беше преполн, а таа вечер, градот буквално живееше во духот на рок-музиката.