All for Joomla All for Webmasters

КРИВА ПАЛАНКА

Општина Крива Паланка

 

ул. Св.Јоаким Осоговски бр.175
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
тел/факс 031 375 035
Градоначалник
Борјанчо Мицевски
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
тел/факс 031 375 035

Општината Крива Паланка има умерено - континентална клима со умерено ладна зима,умерено топло лето, свежа пролет и релативно топла есен, што се должи на географската диспозиција и на извесни влијанија кои навлегуваат од Егејот преку Крива Река. Високите делови на Осоговијата се под влијание на степската клима.
Просечната годишна темперетура изнесува 10,2 С. Во текот на годината најтопол месец е јули со просечна вредност од 20,0 С. Најстуден месец е јануари со просечна вредност од -0,3 С. Просечното годишно температурно колебање изнесува 20,30 С.Во спордба со областите што ја опкружуваат, Кривопаланечката област добива значителни врнежи. Ова се должи на апсолутно големата висина која претставува природен кондензатор за водената пареа, што ја носат западните и јужните ветрови.Просечниот датум на првиот снежен покривач во оваа област е 30 ноември. Појасот над 1700 метри надморска височина има доста ниски средни годишни темперетури, затоа врвовите Руен и Царев Врв се под снежна покривка од октомври па до почетокот на јуни. На Руен снежната покривка се задржува и во јули. Кривопаланечко е ветровито подрачје. Ветровите во Крива Паланка дуваат речиси од сите правци и во секое време од годината. Поради големата зачестеност на ветровите во ова подрачје, маглата е ретка појава. Просечно годишно се регистрираат 10-12 денови со магла, и тоа главно од ноември до февруари, а некои години се јавува од септември до мај.


ЛОКАЛНА УСТАНОВА „ГРАДСКИ МУЗЕЈ“
Градскиот музеј е формиран во октомври 2006 година, како локална установа од областа на културата. Музејот е сместен во зградата Дом на АРМ, во центарот на градот. Музејот располага со постојана етнолошка поставка, библиотека, архива и едно стручно лице.
Адреса: ул. Св.Јоаким Осоговски бр. 134, 1330 Крива Паланка
Телефон: 031/372 140

 
НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА
Националната установа Центар за култура – Крива Паланка е единствена институција од таков тип во општината. НУЦК е средиште на културен живот и место каде што покрај матичните културни содржини се презентираат и културни содржини од други институции и каде што се доближуваат културни вредности од врвни институции од земјата и од странство.
Основната дејност НУЦК  ја остварува низ повеќе содржини. Интернационалната ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“ во неговата програма имаше централно место до 1999 година, а сега истата е во надлежнот на манастирот Св. „Јоаким Осоговски”.
Во рамките на НУЦК работи културно-уметничкото друштво „Осми октомври“, Литературниот клуб „Калин“, Балетската група за модерен балет, Работна единица на Работничкиот универзитет, како и Драмската секција.
Адреса: ул. Св.Јоаким Осоговски  , 1330 Крива Паланка
Телефон: 031/375 533

Search