All for Joomla All for Webmasters

Природни локалитети

Природни локалитети - Кратово

Заштитено подрачје Куклица - Споменик на природата

...

Здружението за заштита на животната средина културно – историските знаменитости и човековото здравје “ИЗВОР“ од Кратово, повеќе од десет години се грижи за локалитет Куклица и управува, според Договорот склучен со локалната самоуправа на општина Кратово.
Значењето на објектот се состои во тоа што на овој простор можат да се изучуваат процесите, односно начинот на настанување и морфолошката еволуција на овој вид на дендануциони форми, почнувајќи од најситните, т.н badlends (лоша земја) па се до создавањето на специфични форми, какви што се земјените столбови, да се изучуваат условите во кои се одвива процесот на плакнење на земјиштето т.н денудација, како и да се изучуваат врските помеѓу делувањето на егзогените фактори при формирањето на дендануционите рељефни форми и геолошкиот состав на теренот создаден од вулканогени стени.


Search