All for Joomla All for Webmasters

Археолошки локалитети

Управување со Локалитетот Куклица

 

Здружението за заштита на животната средина културно – историските знаменитости и човековото здравје “ИЗВОР“ од Кратово, повеќе од десет години се грижи за локалитет Куклица и управува, според Договорот склучен со локалната самоуправа на општина Кратово.
Значењето на објектот се состои во тоа што на овој простор можат да се изучуваат процесите, односно начинот на настанување и морфолошката еволуција на овој вид на дендануциони форми, почнувајќи од најситните, т.н badlends (лоша земја) па се до создавањето на специфични форми, какви што се земјените столбови, да се изучуваат условите во кои се одвива процесот на плакнење на земјиштето т.н денудација, како и да се изучуваат врските помеѓу делувањето на егзогените фактори при формирањето на дендануционите рељефни форми и геолошкиот состав на теренот создаден од вулканогени стени.

Скаменета свадба - Легенда стара многу векови

За Скаменетата свадба постојат две главни легенди со слични елементи.
Првата легенда вели дека многу одамна во селото Куклица се случила голема трагедија. Момчето, во кое една девојка била бескрајно вљубена, се оженило со друга, поради што разочараната девојка ги проколнала младенците. Кога дошол свадбениот ден, навидум се било во ред: се собрале сватовите, стасале и другите гости, веселбата почнала. Во моментот кога младенците се бакнале, клетвата се остварила и сите свадбари се скамениле. Скаменетите свадбари и денес сведочат за гневот и за болката на несреќната девојка. Меѓу локалните жители местото е познато како „Весела свадба“ зашто сватовите останале насмеани, а младенците се скамениле во нежна прегратка.

Научен аспект на локалитетот Куклица

Научниците тврдат дека камените кукли се создале уште пред да се појави каква било населеност на планетава, и тоа од вертикална ерозија на вулкански карпи. Се создале пред 10 милиони години. Вертикалната ерозија на вулканските карпи создала „кукли“ повисоки од десет метри, кои и денес доминираат во питомата околина. Со тек на времето природата од нив извајала ретки ремек-дела.

Заштитено подрачје Куклица - Споменик на природата

 

Северозападно од градот Кратово, на оддалеченост од 8 км, се наоѓа една од најубавите природни реткости на Република Македонија, локалитетот Куклица.
Ова уметничко дело на природата е создавано пред повеќе од 50 000 години, по природен пат преку вертикална ерозија на меките вулкански карпи, што претставува редок случај во светот. Локалитетот “Камени кукли“ е комплекс на повеќе камени фигури каде природата направила ремек дела кои ниту човечката фантазија не може да ги создаде.

Search