All for Joomla All for Webmasters

КРАТОВО

Општина Кратово


Општина Кратово се наоѓа во Североисточниот дел на Република Македонија во подножјето на Осоговските планини. Има површина од 376 км2 и 31 населено место со просечна надморска висина од 850м.
Кратово е еден од најстарите градови на Балканот кој датира уште од 4 век пред нашата ера, лоциран на просторот на изгаснат вулкан (кратер) по што го добил своето име. Со својата специфична рељефна и географска поставеност, Кратово е град музеј кој изобилува со природни  и историски споменици на културата.
Уште при првиот престој во Кратово посетителот се сретнува со нешто непознато и ретко видено во другите делови на Република Македонија, кое по некогаш го зема здивот и остава впечаток засекогаш, кој те кани повторно да го посетиш градот музеј.
Сето ова е уште една причина повеќе да го посетите Кратово и опуштено да уживате во неговaта убавина.

kratovo1.jpg kratovo2.jpg kratovo3.jpg kratovo4.jpg kratovo5.jpg

 
 

Легенди за името на градот Кратово
Постојат две легенди за името на Кратово.
Според првата легенда, името доаѓа од зборот „кратер“ - вулкански отвор на одамна изгаснат вулкан каде што е сместен градот.
Според втората легенда, името доаѓа од словенскиот збор „корито“- речно корито.
Кратово е еден од најстарите градови на Балканскиот полуостров.
Дали сте знаеле дека дури и Хомеровата „Илијада“ сведочи за постоењето на овој град? Всушност, пронајдени се монети од Тракиско време, во периодот на владеењето на пајонскиот крал Авдолеон (315-285 пред новата ера).
Историјата на градот отсекогаш била поврзана со рударството.
Низ годините многу култури поминале низ Кратово и оставиле многу работи за да сведочат за нивниот живот. Некогаш Кратово било дом на многу култури и религии – православни христијани, католици, муслимани и евреи.

 

Покрај културните и историските знаменитости, Кратово располага со прекрасни ридско планински предели, ловишта и резервати богати со разновиден дивеч и со развиен ловен туризам.  
Во непосредна близина на Кратово минува пругата во изградба Бељаковце – Ќустендил и Коридорот 8, како нераскинлива врска помеѓу истокот и западот.
Низ Кратово, тече Крива Река, богата со флора и фауна што овозможува развиен рекреативен и спортски риболов.

Search